Ова е мала Влада, членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата посочи мадатарот Зоран Заев на денешното обраќање пред Собранието.
– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.
Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.
– Износот на нето инвестициите ќе бидат милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а странските директни инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови, изјави Заев.
Ќе продолжоиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.
– За да го постигнеме ова е важна стабичност и затоа е неопходно да го заврши својот четиригодишен мандат, рече Заев.
-Доаѓа време на ред правда и дисциплина, време на почитувње на правосудството и неселективно владеење на правото, најави Заев реформата на судството, оценувајќи дека првиот чекор веќе е направен со проверката на имотот на судиите од страна на ДКСК.
За договорите со Грција и Бугарија рече дека овозможиле членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ и посветено ќе продолжат да работат на нивно остварување.
-Имаше моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на тест. Покажавме дека можеме да живееме заедно. Тоа се европските вредности на кои граѓаните на РСМ се искрено посветени, изјави Заев.