Еуроњуз: Ѓукановиќ работи на уште една изборна кражба, можна е репресија врз народот

од Nikola Popovski
177 прегледи

Европската унија би можела да се соочи со нова изборна криза во малата земја од Западен Балкан – која моментално чека членство во ЕУ – Црна Гора, која во недела (30-ти август) излегува на гласање, пренесува „Еуроњуз“, повикувајќи се на бројни изборни измами во земјата и можноста за спроведување на нови.

Мило Ѓукановиќ е опишан како човек кој владеел со децении и кој по толку години на позиција на моќ, изгубил секаков контакт со народот.

Истражувањата на списокот на гласачи покажуваат присуство на 50 000 фантомски гласачи во земја со нешто повеќе од 600 000 жители. Половина од запишаните гласачи се наведени без адреса. И сега има нови докази дека граѓани од други балкански земји со измама добивале гласачки ливчиња, пишува „Еуроњуз“, реномиран меѓународен медиум со седиште во Париз, притоа предупредувајќи дека Западот не смее да седи со скрстени раце ако не сака нов случај сличен на Белорусија, затоа што во тој случај, како што додава текстот, скандалите би придонеле до целосен колапс на Црна Гора.

„Прибегнувањето кон очајни мерки е разбирливо, со оглед на растечкото ниво на опозицијата во земјата. Претседателот Ѓукановиќ се соочи со огромни протести кои не престанаа дури и по подолго време. Во јануари 2019 година, се одржаа неколкумесечни демонстрации откако се појави видео на кое црногорскиот тајкун предава пари на водечката партија за купување на изборите во 2016 година. Оваа година, поради усвојувањето на контроверзниот религиозен закон, се собраа најголем број демонстранти во историјата на таа земја“, пишува „Еуроњуз“.

Тие потсетуваат на скандалите што следуваат по Ѓукановиќ и наведуваат дека во 2015 година тој бил прогласен за човек на годината во организиран криминал и корупција.

Тие тврдат дека тој ја државата за да ја зајакне својата позиција, да ја толерира опозицијата минимално, дека полицијата употребила насилство за време на мирни протести, па дури и дека апсел свештеници.

Тие посочуваат дека репресијата ќе биде неизбежна доколку на Ѓукановиќ му се дадат само слаби критики.

Слични содржини