Градинките во септември, училиштата во октомври ќе почнат со работа

од Берта Китинска
433 прегледи

Градинките се подготвени да ги отворат вратите и да ги згрижат децата чии родители ќе мораат да одат на работа.

На прашањето кога ќе се отворат градинките министерот за здравство Венко Филипче најави дека се е подготвено и на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, според него градинките се подготвени и може да почнат со работа и во септември.

-Уште пред неколку месеци ги разработивме новите протоколи за градинките  во таа смисла со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите сметам дека е безбедно отворањето на градинките, датумот за нивно отворање ќе биде одлучен на владина седница, лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.

Под  посевни протоколи ќе работат градинките во една група би имало 15 деца, задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите и други правила кои ќе треба да ги применат градинките.

За основците и средношколците школската година ќе почне на први октомври. Најмладите од прво до третто оделение дел ќе одат на училиште , а останатите ќе учат он – лајн.

Истото правило важи и за оние од повисоките одделение. За средношколците исто така се разгледува опцијата за комбинирана настава.

Слични содржини