Груби ќе биде прв заменик на Заев

од Берта Китинска
129 прегледи

Претеникот од ДУИ Артан Груби ќе биде првот заменик на мандатарот Зоран Заев.

За спорведување на  новата фукнција на Груби ќе треба да се воведат измени во Деловникот за работа на Владата.Покрај прв вицепремиер, во новата влада за првпат се воведува и позиција вицепремиерско место за спречување корупција и за одржлив развој и човечки ресурси.Со оваа позиција ќе раководи  Љупчо Николовски, кој предходно беше генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделство.

Денеска Заев најави дека Деловникот за работа на Влaдата ќе биде сменет на денешната или на владината седница во четврток затоа што е воспоставен систем на прв заменик претседател на Владата и тројца вицепремиери и со него ќе се прецизираат надлежностите на вицепремиерите.

– Во тоа треба да направиме точно разграничување дека во отуство на премиерот, првиот заменик претседател на Владата го заменува во делокругот на надлежностите, но секој од замениците претседатели на Владата е одговорен во одредена област, односно трите столбни комисии на Владата ќе ги водат токму трите потретседатели на Владата. Комисијата за политички систем ќе ја води првиот заменик претседател на Владата, Комисијата за човечки ресурски и одржлив развој ќе ја води потпретседателот Љупчо Николовски и Комисиајта за економски систем ќе ја води потпретседатѕелот Фатмир Битиќи, изјави Заев.