Коронавирус во регионот: БиХ е на врвот на „црната листа“, Србија тестира најмногу

од Nikola Popovski
205 прегледи

Денес во С. Македонија се регистрирани 115 новозаразени со Ковид-19, додека еден пациент починал како резултат на компликации со вирусот. Вкупниот број на пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата е 14.455, бројот на излекувани пациенти досега е 11.525, а бројот на моментално активни е 2.326. Досега, вкупно починале 604 пациенти како резултат на коронавирусот.

До денес, во Србија се регистрирани 76 нови случаи на коронавирус.

Во споредба со регионот, Србија продолжува да тестира најмногу луѓе на дневна основа, а бројот на заразени се намалува. Босна и Херцеговина сè уште има најголем пораст во бројот на заболени.

Дневниот биланс на заразените во Босна и Херцеговина продолжува да расте. Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 270 новоинфицирани со коронавирус, а починале 11 пациенти.Вкупно биле тестирани 2.198 пациенти, а извршени се 470 тестови во Република Српска, и 1.728 во ФБиХ.

Словенија бележи зголемување на бројот на случаи со 41 новозаразен, во споредба со вчерашниот 18. Од вкупно 2.924 случаи на Ковид, 19.468 се активни случаи, а 25 се ослободени од болничко лекување вчера, објави агенцијата СТА.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 145 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало. Тестирани се 2.995 лица, бројот на околу 150 нови инфекции на ден во претходните денови е просекот во Хрватска, што е мало намалување во споредба со 250 случаи на дневна основа во текот на средината на август.

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЈЗ) завршиле со PCR анализа на 479 примероци за новиот коронавирус и се регистрирани 82 нови случаи. Во соопштението на ИЈЗ се додава дека биле потврдени два смртни случаи кај пациенти кои биле заразени со вирусот, пренесува Вијести.

Слични содржини