Постизборни инциденти: На Бошњаците во Црна Гора им се закануваат дека ќе им се случи „Сребреница“

од Nikola Popovski
116 прегледи

Натписот „Летнала црна птица, Плевља ќе биде Сребреница“ се појавил во средата врз ѕидовите на просториите на исламската заедница во Плевља во Црна Гора, објавил локалниот имам, а просрпската коалиција што победи на неодамнешните избори ги обвинува „тајните служби на Ѓукановиќ“ за инцидентот.

Самир Кадрибашиќ објавил фотографија од натписот на Фејсбук и изјавил дека „ова лудило мора да заврши“. На фотографијата се гледаат и скршени прозорци во просториите на исламската заедница.

Според пописот од 2011 година, во Плевља живееле околу четири илјади Бошњаци.

Просрпската коалиција, еден од победниците на парламентарните избори во недела, ги обвинува „безбедносните служби на Ѓукановиќ“ за инцидентот и тврди дека станува збор за обид на владата во заминување да ги „наруши меѓуетничките и меѓуверските односи со злобни провокации во мешани средини“.

На црногорските избори мнозинството го освои просрпската коалиција „За иднината на Црна Гора“, која со помош на две граѓански коалиции ја отстрани Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ од власта по 30 години.

Српската православна црква, која ја поддржува коалицијата „За иднината на Црна Гора“, изјавила дека каменувањето на Исламската заедница во Плевља предизвикало „неизмерна тага во нивните срца, како и кај секој православен христијанин“.

Полицијата соопштила дека работи на пронаоѓање на сторителите, а локалните обвинители изјавија дека наскоро ќе ги биде процесуирани пред судот.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, напишала на Твитер дека „ЕК очекува смирен, воздржаност, инклузивен политички дијалог во Црна Гора, како и почитување на вредностите на Европската унија“.

Таа додала дека Брисел внимателно ги следи политичките случувања по изборите во Црна Гора и очекува новата влада да го продолжи стабилниот пат на земјата кон ЕУ.

Слични содржини