Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност, заложбите дадени пред граѓаните, дека правда во оваа држава има и ќе има и дека сите се еднакви пред законот,Владата, предводена од СДСМ, веднаш по преземањето на својата функција покажува дека е посветена на градење правна држава, неселективна правда и борба против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
Оттаму потенцираат дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара, а Владата со своите чесни и одговорни кадри во наредните четири години ќе се бори за правна држава и неселективна правда.
„На ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, ѝ пречи правната држава и веднаш негативно реагира, кога во државата се спроведуваат законите.ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со поразот на изборите и без компас продолжува по старо, со деструктивност, популизам и лаги“, велат од СДСМ.