Вучиќ пред средбата во Белата куќа: Предавањето не е опција, да живее Србија (видео)

од Nikola Popovski
207 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испратил порака од Вашингтон, каде денес започнуваат преговорите со властите на Косово во Белата куќа.

Тој во видео објавено на Инстаграм рече дека за неколку минути ќе започне важниот состанок со приштинската делегација.

„Нема да биде лесна средба за нас, подготвени сме и ќе дадеме се од себе за да постигнеме компромис за важни економски прашања. Сакаме мир, сакаме стабилност, сакаме напредок на Белград, Приштина, целиот наш регион. Ќе мора да се грижиме за нашиот народ во Косово и Метохија“, рекол тој.

https://www.instagram.com/p/CErS7fYJoIc/?utm_source=ig_embed

Вучиќ додал дека видел бројни арогантни и провокативни изјави на албански официјални лица од Косово и Метохија кои зборувале за признавање на земјата.

„Мојата порака до сите е – предавањето не е опција, да живее Србија“, изјавил Вучиќ.