Вучиќ: Не го прифатив документот во кој се бара признавање на Косово

од Nikola Popovski
187 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Вашингтон, по разговорите со претставниците на Косово и кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавил дека не може да го прифати документот што содржи одредба за заемно признавање на Србија и Косово.

„Првиот документ што го имавме беше насловен „Економска нормализација“. Тие листови хартија беа ужасно тешки, имаа 16 точки. Таму беше и точката во врска со признавањето. Сметавме дека не требаше да биде наведено во документот за економска нормализација, дека не можеме да го прифатиме тоа. Луѓето од кабинетот на Трамп го слушнаа нашето мислење и мислам дека оваа одредба повеќе не постои во другите документи. Сеуште се надеваме дека е можно да се постигне договор“, рекол Вучиќ.

Тој додал дека ќе се види дали ќе може да се постигне договор и додал дека „се борат Приштина да го прифати малиот Шенген“.

Вториот круг преговори меѓу Белград и Приштина заврши во Белата куќа во Вашингтон. Во разговорите се вклучила и Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, која била присутна на сите важни дипломатски средби, за кои е особено заинтересиран нејзиниот татко Доналд Трамп.

Слични содржини