Откриени сите детали: Што пишува во договорот за соработка меѓу Белград и Приштина?

од Nikola Popovski
165 прегледи

Директорот на приштинската телевизија „Клан Косова“, Адријатик Кељменди, на својот Твитер профил објавил документ, за кој тврди дека е договор што претставниците на Белград и Приштина го потпишале со САД денес во Вашингтон.

На почетокот на документот, акцентот бил ставен на нормализирање на економските односи меѓу двете страни.

Србија (Белград) и Косово (Приштина) се согласуваат да ја унапредат економската нормализација на односите преку следново:

Двете страни ќе го спроведат договорот меѓу Белград и Приштина за автопатот, кој бил потпишан на 14 февруари 2020 година.

Покрај тоа, обете страни ќе се обврзат на заедничка физибилити студија за опциите за поврзување на железничката инфраструктура Белград-Приштина со морското пристаниште во Јадранско море.

Косово (Приштина) и Србија (Белград) ќе соработуваат со американската меѓународна корпорација за финансиски развој (ЕКСИМ) на меморандум за разбирање, за да се операционализира следново:
-Автопатот Мир

-Железничката врска помеѓу Приштина и Мердар

-Железничката врска помеѓу Ниш и Приштина

-Обезбедување финансии за поддршка на неопходните заеми за малите и средни претпријатија (МСП)

-Дополнителни билатерални проекти

-Двете страни ќе воспостават и ќе стават во функција заеднички објект на преминот Мердаре.

-Двете страни ќе се приклучат и целосно ќе ги искористат придобивките од „Мини-Шенген зоната“, најавено од Србија, Албанија и Северна Македонија во октомври 2019 година.

-Двете земји меѓусебно ќе ги признаваат дипломите и професионалните сертификати.

-Двете страни ќе се согласат да работат со Министерството за енергетика на САД и други релевантни американски владини институции за развој на студија за изводливост за споделување на езерото Газивода / Ујма како сигурен извор на вода и енергија.

-Двете страни ќе соработуваат со 69 земји кои ја криминализираат хомосексуалноста за да влијаат на тие земји да ја декриминализираат хомосексуалноста.

-Двете страни се обврзуваат целосно да го класифицираат Хезболах како терористичка организација и целосно да спроведат мерки за ограничување на нејзините операции и финансиски активности во рамките на нивните надлежности.

-Косово се согласило на едногодишен мораториум на барањето членство во меѓународни организации, а Србија исто така се согласила една година да се откаже од кампањата со која бара држави да го повлечат признавањето на независноста на Косово.

-Во договорот се споменуваат и исчезнатите лица. Двете страни се обврзуваат да ги забрзаат напорите за пронаоѓање и идентификација на останки на исчезнати лица.

Слични содржини