Гренел: Косово и Србија не потпишаа ништо со САД (видео)

од Nikola Popovski
222 прегледи

Специјалниот пратеник на Белата куќа за дијалог меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел соопштил дека Косово и Србија во петокот попладне потпишале договор за меѓусебна соработка и дека не потпишале никаков договор со САД.

На констатацијата на новинарите дека и американскиот претседател Доналд Трамп потпишал нешто, Гренел изјавил дека тоа е вистина.

„Тој во основа потпиша писмо со кое потврди дека ќе работи заедно за да се спроведе договорот“, рекол Гренел.

На инсистирање на новинарите да разјасни што точно потпишале двете страни, Гренел соопштил: „Двете страни потпишаа договор за соработка во нормализацијата на економските односи“.

На прашањето дали договорите потпишани од двете страни се исти, тој изјавил дека 99,9 проценти се исти, освен последната точка.

„Србија ќе ја пренесе својата амбасада (во Ерусалим) до јули следната година – тоа е српскиот дел од договорот, а за Косово сè е исто до последната точка, во која се наведува дека ќе има меѓусебно признавање со Израел“, дополнил Гренел.

Слични содржини