Додик бара преместување на босанската амбасада од Тел Авив во Ерусалим

од Nikola Popovski
152 прегледи

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, објавил дека во понеделник ќе испрати барање до Претседателството на БиХ за преместување на Амбасадата на БиХ во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

„Ќе испратам барање до Претседателството на БиХ да донесе одлука и да ја премести Амбасадата на БиХ од Тел Авив во Ерусалим, бидејќи е очигледно дека ова е од висок интерес за САД“, рекол Додик на специјалната седница на Националното собрание на Република Српска.

Наведувајќи дека во договорот потпишан во Вашингтон, Србија најави преместување на својата амбасада во Ерусалим, Додик праша зошто БиХ не го стори истото.

„И тоа е добра можност, бидејќи доаѓа американскиот дипломат Метју Палмер, мислам дека е добра можност да му го кажам тоа“, рече Додик.

Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, оценил дека најавата на Додик за преместување на амбасадата на БиХ од Тел Авив во Ерусалим и залагањето на Додик за, како што рече, американските интереси, е всушност лицемерно, дури и смешно.

„Ова доаѓа од човек од американската црна листа. Додик би сакал да биде против НАТО, да се спротивстави на заедничката борба на БиХ и САД против тероризмот, да ги отфрли американските набљудувачи на изборите. Па, нема човек во БиХ што е поголем противник американските интереси”, истакнал тој.

Според него, Додик сака да го прикрие својот конфликт со американската администрација на тој начин, додавајќи дека „нема приказна за ваквите популистички предлози“.

Слични содржини