Тачи за потпишаниот договор: Се виде дека немаше ножеви и поделби во Белата куќа

од Nikola Popovski
134 прегледи

Косовскиот претседател Хашим Тачи внимателно и од далечина ги следел настаните во Вашингтон и потпишувањето на договорот помеѓу Србија и Косово, поради обвинението што беше покренато против него во Хаг.

Една од ретките реакции на Тачи е порака до некои приштински политичари да му се извинат на народот што ја лажеле јавноста со тврдење дека во Вашингтон ќе има мапи и ножеви.

„Се виде дека нема ножеви во Белата куќа, нема мапи, нема поделби, но има почит и зајакнување на нашата држава“, рекол Тачи алудирајќи на изјавата на Курти дека во Белата куќа ќе има ножеви и мапи.

Слични содржини