Гренел: Едно е сигурно, Албин Курти секогаш ќе биде против САД

од Nikola Popovski
260 прегледи

„Едно е сигурно, секогаш можете да сметате дека Албин Курти ќе биде против САД“, соопштил специјалниот пратеник на Трамп, Ричард Гренел.

Гренел на Твитер објавил дека Курти „бил против идеите на Обама и бил против идеите на Буш“.

„Со симболизмот не се плаќа кирија, туку со работните места“, повторил тој на крајот, практично истата порака што пред неколку дена ја кажала и претседателката на косовското собрание, Вјоса Османи.

Таа претходно коментирала дека косовската делегација не се вратила од Вашингтон со меѓусебно признавање со Србија, како што претходно објавија, по што се отворила полемика меѓу неа и Курти.

Слични содржини