НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ВОЗДРЖИ КОГА ГО ВИДЕ САЛВИНИ: Го нападна на улица и му ја скина бројаницата околу врат (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
208 прегледи

Лидерот на италијанската лига, Матео Салвини, денес беше истуркан од млада црнкиња во Тоскана која му откина копче од кошулата и бројаница што ја носеше околу вратот.

Салвини, чија партија силно се спротивставува на имигрантите, беше во Понтасиеве, близу Фиренца, како дел од изборната кампања за регионалните избори на 20 и 21 септември.

Се чини дека потегот на жената не бил планиран однапред, објави полицијата, пренесува агенцијата Анса.
Како што беше наведено, таа, враќајќи се од работа, случајно се нашла среде група приврзаници на Салвини и ја искористила можноста да го турне.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=63&v=7zz48YqOBYM&feature=emb_title

Салвини рече дека напаѓачот треба да се срами.

„Секој може да има различни политички, спортски и религиозни идеи, но без насилство“, посочи Салвини.