807
Медицинската сестра Маја Јакимова, од Клиниката за радиотерапија и онкологија испрати порака до сите.
„Грижата кон себе е еднаква на грижата кон другите. Бидете хумани, почитувајте ги мерките за заштита. Одржувајте физичка дистанца, лична хигиена и носете заштитна маска. На Клиниката за радиотерапија и онкологија, сите наши пациенти ја имаат потребната здравствена заштита и потребните лекови, а ние здравствените работници функционираме како еден тим – Еден за сите, сите за еден. Апел до моите колеги и колешки: Сите сме заедно во оваа борба, заедно ќе се бориме до крај. За нас, за нашите блиски, за нашите граѓаните. Сега сме им најпотребни.“, вели Јакимова.