Владите на Србија и Косово номинирани за Нобелова награда

од Aleksandar Petrovski
141 прегледи

Магнус Јакобсон, публицист од Шведска, ја номинираше американската влада, како и владите на Србија и Косово, за Нобеловата награда за мир.

Како што изјави Магнус на својот профил на Твитер, овие три влади беа номинирани за нивната заедничка работа за мир и економски развој, преку договор за соработка потпишан во Белата куќа.

„Трговијата и комуникациите се важни за градењето на мирот“, рече Јакобсон.
Оваа вест на својот Твитер профил ја пренесе и Ричард Гренел, американски пратеник во преговорите меѓу Белград и Приштина.

„Доналд Трамп ја доби втората номинација за Нобеловата награда за историскиот договор Косово-Србија“, напиша Гренел.
За потсетување, Трамп беше номиниран за Нобелова награда за мир од норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој го пофали за неговите напори во решавањето на конфликтите во светот.

„Трамп стори повеќе за да постигне мир меѓу земјите отколку повеќето други кандидати за наградата за мир“, рече Тибринг-Гjеде.

Слични содржини