Зоран Милановиќ, претседателот на Хрватска, се состана со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер за време на неговата посета на таа земја.
Доаѓањето на Милановиќ беше симболично бидејќи тоа беше првиот пречек на странски државник со воени почести од почетокот на пандемијата.
Како што истакнаа хрватските медиуми, Милановиќ во Германија, за разлика од Хрватска, носи маска правилно, не се ракува и строго се придржува до мерката против ширење на инфекцијата.
Sve je spremno za susret hrvatskog predsjednika @Z_Milanovic i predsjednika SR Njemacke @ChefSteinmeier. Prvi je ovo docek stranog drzavnika u palaci Bellevue uz vojne pocasti od pocetka pandemije. “Zoran, hi, good to see you, hello, welcome” kaze Steinmeier Milanovicu #n1info pic.twitter.com/h0haWiLcks
— Ana Mlinarić (@Ana_Mlinaric) September 11, 2020
Сепак, Штајнмаер мораше да му посвети посебно внимание. Кога застанаа на црвениот тепих, Милановиќ прво застана релативно близу до германскиот претседател, на што тој се повлече и со рака покажа дека треба да се движи и со тоа да ја почитува физичката оддалеченост. Само тогаш, по предупредување, Милановиќ го стори тоа.