Хрватска: 6 лица починаа од корона, 165 новозаразени

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 165 нови случаи на zarazeni со коронавирус, бројот на активни случаи е 2.410, а шест лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу пациентите, 309 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 22 се на апарати за дишење, пренесува агенцијата Хина.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на заразен во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 1.353 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 224 починале, а 10.899 се опоравиле.

Во моментов 8.314 лица се во самоизолација, а до денес се тестирани вкупно 221.834 лица, од кои 5.339 во последните 24 часа.

Слични содржини