Нови за детали за убиството во Белград: Колумбијката која била со починатиот Стојановиќ е пуштена на домашно лекување

од Nikola Popovski
423 прегледи

Колумбијката Соња С. Г. (45), која вчера била во џипот со Страхиња Стојановиќ кога се случи експлозијата на автомобил во Нов Белград, е пуштена на домашно лекување.

„По неопходната дијагноза не беше потребно да остане во болница, па беше пуштена дома“, изјавилеод Ургентниот центар.

Да потсетиме, вчера во Нов Белград експлодираше автомобил, а настрада Страхиња Стојановиќ, претходно познат на полицијата. Со него во автомобилот била неговата девојка Соња, која поминала со полесни повреди.

Првичните анализи сугерираат дека најверојатно во ликвидацијата се користел пластичен експлозив P500 попознат како Ц-4. Според српските медиуми, остатоците од џипот укажуваат на тоа, бидејќи овој експлозив се користел во неколку наврати во ликвидациите на мафијата во Белград во последните неколку години.

„Да беше поставен посилен експлозив, уништувањето на самото возило ќе беше далеку поголемо, а патниците сигурно немаше да преживеат“, изјави извор близок на истрагата.

Стојановиќ е директно поврзан со убиството на адвокатот Мишо Огњановиќ, а учествуваше во престрелки во кои беа ранети неговиот кум Милош Видаковиќ, и еден припадник на БИА.

Тој одамна им бил познат на полициските и судските органи по своите криминални активности. Убиството на адвокатот Миша Огњановиќ, кој беше убиен на крајот на јули 2018 година, се поврзува со неговото име.

Адвокатот Огњановиќ го познавал Страхиња Стојановиќ од судењето за случајот за убиството на братот на Лука Бојовиќ, Никола.

Страхиња Стојановиќ беше неколку пати уапсен за сериозни злосторства, и тој беше осудуван за принуда и поседување оружје. Неговата блискост со кланот Шарановиќ се рефлектира во пријателскиот однос што го имаше со Милош Делибашиќ, внук на Шарановиќ.

Инаку, ова е вторпат како експлозивна направа се става под автомобилот на Стојановиќ. При првиот пат, Стојановиќ ја избегнал детонацијата, бидејќи непосредно пред експлозијата излегол од автомобилот за да го земе телефонот што го заборавил.

Во тоа време, шпанската мисица Олат Билбао Гонзалес била во автомобилот со него и се здобила со сериозни повреди, по што ѝ биле извршени бројни операции и трансплантации на кожа на Воено-медицинската академија во Белград.

Слични содржини