Апокалиптични сцени во Анкара: Повредени 6 лица и уништени неколку згради (видео)

од Nikola Popovski
171 прегледи

Најмалку шест лица биле повредени во Анкара, поради ретката песочна бура што ја зафатила турската престолнина. Бурата ги погодила двата округа Олатли и Хајман вчера во околу 15 часот по локално време.

Невремето најпрво го погодило регионот Полатли, каде имаше прекин на електричната енергија, а подоцна се прошири и во Анкара. Ветерот беше толку силен што уништи покриви на голем број згради.

Градоначалникот на Полатли, Мурсел Јилдискаја, рече дека за време на невремето избувнале и неколку пожари.

„Никогаш не сме доживеале вакво нешто“, рече тој.

Гувернерот на Анкара, Васип Сахин изјави дека првите извештаи покажуваат дека шест лица се полесно повредени откако ги погодиле предмети носени од ветерот

Засега немаме извештаи за губење човечки животи или имот“, кажа Сахин.

Песочната бура прво го зафати местото Полатли, а потоа и целиот град.

Слични содржини