Почина еден од лидерите на босанските Срби во војната во БиХ: Кој беше Момчило Крајишник?

од Nikola Popovski
277 прегледи

Хашкиот осуденик Момчило Крајишник почина утрово во Бања Лука на 75-годишна возраст, како резултат на коронавирусот.

Универзитетскиот клинички центар на Република Српска објави дека Крајишник починал во 6:00 часот наутро во Клиниката за медицина за интензивна нега за нехируршки гранки, како резултат на инфекција со коронавирус.

Осуден на 20 години

Крајишник беше првиот претседател на Националното собрание на Република Српска и прв член на Претседателството на Босна и Херцеговина од редовите на српскиот народ.

Тој беше осуден на 20 години затвор од Хашкиот трибунал на 17 март 2009 година, за злосторства извршени за време на војната во БиХ, а откако издржа две третини од казната, тој беше ослободен во 2013 година.

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, истакна дека со заминувањето на Момчило Крајишник, Република Српска остана без еден од нејзините основачи, „голем патриот кој жртвувал најголем дел од својот живот за создавање и опстанок на Српска“.

„Момчило Крајишник ќе остане испишан со посебни букви во историјата на нашата Република и нашиот народ во Република Српска, кои со неговото заминување го загубија искрениот и вистински патриотизам“, рече Додик во телеграмата со сочувство до семејството на Крајишник.

Слични содржини