Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман потврди денеска пред владината седница дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе пристигне во Хрватска следната недела и дека теми на разговорите ќе бидат укинување на визите, Западен Балкан со акцент на Босна и Херцеговина, договор за избегнување на двојно оданочување и ослободување од виза.

Меѓу членките на Европската унија, само државјани на Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар не можат да влезат во САД без виза. Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ во јуни рече дека Хрватска е во завршна фаза на укинување на визата за Соединетите држави.
– Во секој случај, тоа е добра средба. Ги зајакнуваме трансатлантските врски и соработка – рече Грлиќ Радман.
За време на неговата посета на Хрватска, Помпео се очекува да се состане со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.
Помпео неодамна ги посети Полска, Чешка, Австрија и Словенија. Тој ги предупреди на „опасноста од растечкото влијание на Кина и Русија“, а се очекува истото да го стори и во Хрватска, пишува Хина.