ВОДЕЧКИОТ ГЕРМАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Пандемијата допрва почнува, мислам дека не сме подготвени

од Aleksandar Petrovski

Кристијан Дростен, водечки германски епидемиолог, во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди за предвременото славење на успехот на Германија во корона кризата.

„За да се надмине ситуацијата, треба да смениме некои работи во следните месеци. Пандемијата всушност ќе започне сега. И во Германија”, рече Дростен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

„Мислам дека Германија не е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот“, посочи тој.

Минхен значително ги заостри мерките против коронавирусот. Само пет лица или членови на две домаќинства имаат дозвола да се собираат во угостителски објекти и јавни простории. Приватните прослави во затворен простор може да имаат до 25 гости, а до 50 на отворено.

На некои јавни површини во Минхен, исто така е задолжително да се носат заштитни маски, а тоа се главно популарни места за собирање во главниот град на Баварија.

Построгите мерки треба да траат само седум дена.

Слични содржини