Платежни картички од 6000 денари за пензионерите, самохраните родители и невработените

од Берта Китинска
1,2K прегледи

Владатата ќе даде платежни картички Купувам домашно на 283.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти.


Предвидено е четвртиот пакет мерки да се искористи во последниот квартал оваа година со цел ефектот во економскиот сектор да биде побрз и подиректен, потаргетиран, а некои од мерките е предвидено да продолжат или да започнат во почетокот на наредната година.

Пакетот економски мерки што беше усвоен на денешната седница на Владата има три столба. Првиот предвидува директна финансиска поддршка за граѓаните со цел стимулирање на потрошувачката со фокус на домашните производи и услуги и погодените сектори.

Вториот опфаќа директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и стимулирање на претпријатијата за враќање и задржување на работниците на работните места; и третиот столб е наменет за поддршка за финансиска и фискална одржливост воопшто во економија, вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините.

Таргетираните мерки кои се дел од четвртиот пакет мерки ќе го амортизираат ударот врз домашните погодени компании преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда и поддршка на приватниот сектор односно економската активност и работните места. Пакетот предвидува фокусирана поддршка која ќе биде насочена и со цел да пристигне директно кај претпријатијата.

Мерките исто така вклучуваат финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата со цел воведување нови технологии, реструктурирање и зголемување на конкурентноста и продуктивност.

Целокупната вредност на финансиска поддршка за овој пакет е проценет на 28.898.380.000 денари, односно 470.000.000 евра.

 

Слични содржини