Бектеши: Ако угостителите не ги почитуваат протоколи, државните институции соодветно ќе постапуваат

од Берта Китинска
250 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши  денеска најави дека мерките за угосителските објекти донесени вчера, се предлог на Комисијата за заразни болести и теи во целост треба да се почитуваат.

Според Бектеши, се уште нема бројки за пад во угостителскиот сектор. Тоа ќе се види кога ќе почнат да се спроведуваат новите протоколи.

-Како Влада, секогаш се повикуваме на експерти. Ако тие одлучиле дека во моментов треба вакви мерки да се донесат, тогаш ние тоа ќе го почитуваме во целост. Но, тука сме да им излеземе во пресрет на сите засегнати сектори, како што го сторивме тоа со четвртиот сет мерки. Многу е важно сите заедно да ја испратиме пораката за почитување на мерките, имајќи предвид дека освен врз здравеејто на граѓаните, непочитувањето ќе има негативен импакт и врз економијата генерално, истакна Бектеши, дополнувајќи дека ако угостителите не ги почитуваат донесените протоколи, државните институции соодветно ќе постапуваат.

Во врска со ингеренциите на Пазарната инспекција и најавата дека ќе има нивно зголемување, министерот е дециден дека сите институции, посебно оние што вршат директен надзор, треба да одлучуваат навремено за да не се повторуваат случаите на непочитување на здравствените мерки и протоколи.

-Мерките од четвртиот пакет ќе почнат да се реализираат веднаш штом биде усвоен ребалансот на Буџетот во Собранието. Се оди согласно предвиденото и сите стопанственици и граѓани ќе ја добијат помошта навремено, порача  Бектеши.

 

Слични содржини