Враќањето на дел од ДДВ ќе важи само за граѓаните кои скенираат сметки

од Берта Китинска
312 прегледи

Една милијарда денари или 17 милиони евра предивува да врати на граѓаните Министерството за финансии со вториот ребаланс на Буџетот за остварување на мерката „Викенд без ДДВ“, што ќе се реализира продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври годинава.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција за вториот ребаланс на Буџетот, кажа дека во зависност од тоа како ќе се покаже мерката и ако има импакт врз економијата, ќе се одлучи дали ќе се користи и во иднина.

– Тоа е разгледано и имаше такви иницијативи, меѓутоа идејата беше да се види во пракса како ќе функционира и затоа е даден продолжен викенд и е лимитиран износот. Макисмално граѓаните ќе може да потрошат до 30 илјади денари. Таквото лимитирање е од две причини. Едно подобро да се планира буџетот, а второ е да нема многу гужви во тој период и да се пролонгира потрошувачката само во тие три дена, изјави Бесими.

Законските измени, посочи тој, вчера веќе поминаа на седница на Влада и во текот на денешниот ден ќе оди на Собрание.

Враќањето на дел од ДДВ преку оваа мерка ќе важи само за граѓаните кои се регистрирани и ја користат апликацијата на Управата за јавни приходни за скенирање на сметки „МојДДВ“.

Согласно законските измени, за време на претстојниот продолжен викенд на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните за за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30.000 денари по лице ќе добијат целосен поврат на ДДВ-то.

Слични содржини