Во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, од нив 120 се од Скопје.
Скопјани позитивни на Ковид 19 ги кријат контактите и им ја отежнуваат работата на епидемиолозите кои наместо да ги лоцираат кластерите и спречат ширење на вирусот, се соочуваат со како што велат примитивно размислување. Последните две недели расте бројот на случаи во главниот град и најголем број од позитивните се кај младата популација од 20 до 49 години.
-Само една фамилија во Скопје ни кажа дека биле на роденденска забава и сите четворица во фамилијата се позитивни. Другите кријат, не кажуваат контакти за да не одат во изолација и со тоа ја отежнуваат работата, изајви др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за ТВ Сител.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 61
• Гази Баба – 114
• Аеродром – 173
• Карпош – 147
• Центар – 171
• Кисела Вода – 116
• Ѓорче Петров – 74
• Бутел – 44
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен-7
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.