СДСМ: Реформите продолжуваат, доаѓа време на ред, правда и дисциплина

од Берта Китинска
155 прегледи

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото, велат од СДСМ.

Отааму додаваат дека во Извештајот на Европската комисија за Република Македонија, нотира напредок во областа на правосудството, изборите и борбата против корупцијата и е доказ за посветеноста и потврда на успешните политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

„Истовремено, Извештајот е дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата, сите институции, да работат уште повеќе посветено на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем.

Европската комисија во Извештајот јасно наведува дека со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но и дека многу ќе зависи од неговата соодветна примена.

Извештајот понатаму наведува дека како резултат на реформите во изминатите години Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство и дека треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат натамошни промени во оваа област.

Во однос на владеење на правото и фундаментални права, односно Поглавје 23, Извештајот наведува дека државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област.

Ова е потврда за успешноста на досегашните реформи и подготвеноста на СДСМ да продолжи посветено да работи на достигнување на европските стандарди.

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото“, велат од СДСМ.

Слични содржини