Нови мерки на готовс: Можно е рестрикции во движењето и скратување на работните часови

од Берта Китинска
509 прегледи

Вчера беа направени 778 тестирања, а регистрирани нови случаи имаше вкупно 177. Тоа значи дека скоро секој четврти кој бил тестиран за ковид-19 во Македонија е позтивен. Есенскиот бран е тука, а состојбата може да ескалира со Ковид 19.

-Доколку мерките не се почитуваат, ќе има препорака за рестрикција во движењето. Прво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа поучени од тие искуства, постепено ги отворивме училиштата. Поради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи предложивме до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Капацитетите се полнат

На Инфективната клиника вчера примени се тројца пациенти, а вкупно се лекуваат 93 пациенти со коронавирусот. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се лекуваат пет деца и шест мајки позитивни на ковид-19, а едно дете и една мајка се суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет лица, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Заразено 2 месечно бебе

Двомесечно бебе од Битола е позитивно на Ковид-19. Се заразило од член на семејството, односно од бабата која е од друг град, а позитивна е и мајката на бебето, информираат од Министерството за здравство.

Двомесечното бебе досега е најмладиот пациент регистриран во Битола, откако во август беше регистриран случај на тримесечно бебе заболено од Ковид-19.

Нови кластери во текстилните фабрики

Во последниве  денови регистрирани се нови случаи  во две текстилни компании од Штип кои едната е со странски капитал и има поголем број вработени. Поради тоа од едноцифрени бројките вчера се искачија до 22 нови случаи.

Доколку ситуацијата ескалира, планирано е поставување на монтажни модули во близина на детското одделение, за прием на 42 пациенти. Во регионот предничи Кочани со 221 активни случаи, а следува Штип со 119, со тенденција за зголемување

Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 21 113 лица со ковид-19. Од нив оздравени се 16 301, починати се 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 015.