Казнети 255 возачи, од нив 12 лица управувале без дозвола

од Берта Китинска
127 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 255 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 58 прекршоци, 13 технички неисправни и нерегистрирани возила и 4 мотоциклисти. Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање и 68 возила подигнати со „пајак“, 25 санкционирани пешаци и 26 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини