Коронавирусот зема замав во два македонски града

од Берта Китинска
230 прегледи

Пандемијата со коронавирус во земјава зема се поголем замав.

Во моментов  3828 лица се  активни носители на Ковид 19 има во Скопје . Покрај главниот град заразата забрзано се шири и во Тетово и Струмица:

Според податоците на министерствот за здравство:

Струмица 817, активни 458
Тетово 2030, активни 451

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот.

Воедно од денеска сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

За непочитување на мерката за задолжително носење на маска казната изнесува 20 евра, за прекршителите на решенијата за самоизолација казната е 50 евра, додека тие што ќе се групираат на отворено во забранети периоди ќе платат казна од 500 евра, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести што вечерва го усвои парламентот.

Слични содржини