СДСМ: Додека сите институции водат борба против коронавирусот, Мицкоски се обидуваат да го поткопа здравствениот систем

од Берта Китинска
158 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го поткопаат здравствениот систем.Свесни дека Министерството за здравство добро ја менаџира кризата, наместо да помогнат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да одмагаат. За нив воопшто не е важно здравјето на граѓаните, вели Миле Талески, пратеник од редовите на  СДСМ.

Тој вели дека од почетокот на кризата па до денес, Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ се на погрешната страната, против јавното здравје.

„Кадарот на Мицкоски во техничката Влада го кочеше заемот од Светска Банка со чии средства требаше да се опремат ковид болници. Да не беа таквите блокади, сега во државата веќе ќе имаше опремени нови 16 ковид болници, уште поподготвени за есенскиот бран на коронавирусот.

Додека сите се посветени во борбата против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски секојдневно шират лажни вести и ставови кои внесуваат заблуда меѓу граѓаните, на директна штета на борбата со вирусот.

Марковски од ВМРО-ДПМНЕ велеше дека вирусот ќе исчезне за еден месец, дека вирусот нема да се појави наесен, јавно изјавуваше дека не треба да се носат заштитни маски, па дури да каже и дека коронавирусот и не е опасен.

До пред неколку денови, ВМРО_ДПМНЕ во Собранието го кочеше и Законот за заштита на населението од заразни болести, условувајќи го со формирање на некаква паралелна Комисија за заразни болести.

Граѓаните се сведоци на една опасна партиска неодговорност и несериозност од страна на очајниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е Мицкоски, неодговорен, незрел и нечесен политичар, опасен по здравјето на сите нас.Мицкоски треба да престане да им штети на граѓаните. Не треба да го загрозува здравјето на своите граѓани, само за да ја сочува партиската фотелја во белиот дворец.Затоа Мицкоски е во опозиција. Граѓаните ги казнија овие негови штетни делувања“, вели Талески.

Слични содржини