Предвремените локални избори во Штип и Пласница треба да се одржат на 13 декември.Рокот за доставување на кандидатурите истекува во сабота.
СДСМ веќе го откри името на својот кандидат во Штип, а тоа е Сашко Николов, додкеа пак Трајче Митев е независен кандидат. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ се уште не кажа дали нејзината партија би имала свој кандидат доколку се одржат избори.
Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на Извршниот комитет излезе со став дека поради високите бројки на заразени нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница.
Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција вели дека Мицкоски има мали шансите за победа на предвремените локални, и затоа се против одржувањето на истите.
„Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница“, изјавиКостадинов.
Димитар Апасиев во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, одговарајќи на новинарското прашање дали Левица ќе има кандидат на локалните избори во Штип, порача дека Левица нема да учестувува на изборите бидејќи како што рече многу е сулудо во време на пандемија да се организираат избори односно дека е ризично по јавното здравје.