Бајден: Уште повеќе луѓе би можеле да починат од корона ако Трамп одбие да ја предаде власта

од Nikola Popovski
299 прегледи

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден предупреди денес дека уште повеќе Американци можат да починат од коронавирус ако администрацијата на Трамп продолжи да го блокира трансферот на власта, особено кога станува збор за планот за вакцинација.

„Повеќе луѓе би можеле да умрат ако не се координираме“, предупредил Бајден на прашањето што може да предизвика одбивањето на Трамп да признае пораз.

Бајден соопштил дека им треба план за вакцинирање на 300 милиони Американци.

„Тоа е голем потфат. Ако треба да почекаме до 20 јануари за да започнеме со плановите, ќе доцниме само еден месец … Значи, важно е ова да се направи што е можно побрзо, да се координираме сега“, продолжил тој, додавајќи дека работата треба да се заврши што е можно побрзо.

Бајден изјавил дека разговарал со неколку републиканци и соопштил дека сочувствува со нив поради тешката ситуација во која Трамп ги доведе.

„Се надевам дека претседателот ќе биде просветлен пред 20 јануари“, рекол Бајден.

Трамп денес неколку пати објави на Твитер дека победил на изборите и дека изборите биле украдени.