Заев: Дијалог, не конфликт!

од Берта Китинска
340 прегледи

Преговорите треба да продолжат  во духот на дијалог, а не низ конфликти, пишува премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека постојат до декември уште можности. Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение.Во вакви ситуации е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ“, напиша Заев.