Грчките власти запленија над 230 килограми кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
425 прегледи

Грчките власти запленија над 230 килограми кокаин по операциите во регионот Атика, кои завршија со апсење на 38-годишен маж.

Грчката полиција верува дека пратката била организирана од меѓународна криминална организација специјализирана за пратки кокаин од Латинска Америка во Европа. Запленетата количина била наменета за дистрибуција на грчкиот пазар, пренесува грчката агенција АНА.

Акцијата за откривање на локацијата на кокаинот била координирана од Одделот за наркотици во солунската полиција, Американската управата за борба против дрога (ДЕА) и грчките пристанишни власти, крајбрежната стража. Уапсениот носел пиштол, мобилен телефон и пари.

Грчката полиција наскоро треба да објави детали.