Познатата пејачка Нина Бадриќ се огласи на својот Инстаграм профил по повод кризата во која паднаа пејачите поради пандемијата. Таа испрати силна, но смешна порака.
Од самиот почеток на пандемијата, сите се жалат на егзистенцијалната криза, вклучително и пејачите.
Естрадните уметници никогаш немале помалку настапи, концерти, промоции и снимки. Имено, поради новите заштитни мерки, пејачите не можат да одржуваат концерти, па мораат да се снаоѓаат на разни начини за да заработат за живот.
По повод оваа тема зборуваше и хрватската пејачка, но на хумористичен начин. Таа на својот Инстаграм профил објави слика на која наместо микрофон, држи туш, па напиша:
„Ќе пееме под туш до понатамошно известување само да сме здрави и живи и нашиот дух да е секогаш позитивен“, напиша пејачката.