Казнети 217 возачи во Скопје, од нив 23 лица возеле без возачка

од Берта Китинска
250 прегледи

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот ден, во засилените акциски контроли во сообраќајот, само на територијата на град Скопје биле изречени 217 мерки.

Од нив, 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, седум за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, а 11 за некористење сигурносен појас.

-Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.

Оттаму потенцираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

 

Слични содржини