„Почна да се шпекулира дека може да има напред во преговорите во март и треба да почекаме да завршат изборите во Бугарија. Има судир на двата концепта. Немојте да мислите дека на Заев му е многу лесно. Тој е буквално растргнат во земјата. Нашата недоследност во односите денес може да предизвика сериозен проблем меѓу Софија и Скопје “, изјавил бугарски политички аналитичар и новинар, Николај Крастев за „Bulgaria ON AIR“.
Според него, воопшто не се запазени рамките на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и С. Македонија, а односите се затегнати.
„По 2 и пол години се сетивме дека треба да има анекс на договорот. Ситуацијата во Македонија е многу специфична – има протести организирани од опозицијата. Скоро кажуваме дека многу и помогнавме на Северна Македонија за НАТО, а денес Нашите главни партнери во ЕУ, како и САД, не можат да помогнат во односите со нив. Мора да се вратиме на филозофијата на Договорот за добрососедство. Вашингтон и Брисел треба да ни кажат како да се вратиме во добрососедските односи, не може сè да се формира во моментот околу работата на комисијата. Ако продолжиме да гo заоструваме тонот и ставовите, можно е Грција да го зајакне своето присуство во економијата на Северна Македонија“, објасни Николај Крастев.