Првото вакцинирано лице: Маргарет (90) од С. Ирска откри како се чувствува (ФОТО+ВИДЕО)

250 прегледи

Првата личност на светот која ја прими Фајзер вакцината, надвор од експериментали услови е 90-годишната Маргарет од Северна Ирска, со која е зпочната масовната програма за вакцинација во Велика Британија.

Маргарет Кинан од Ениксилен, посочи дека се чувствува привилегирано што ја примила ваквината во Универзитетската болница во Ковентри.

Во оваа болница во Британија ќе се вакцинираат преку 80.000 луѓе и некои од здравствените работници.

Целта на програмата е да се заштитат најзагрозените и да се врати живтот во нормала. Мајтон Меј Персонс инаку и ја дала вакцината на Кинан во 6:30 часот утринава.

„Се чувствувам привилегирано што сум првата личност вакцинирана против Ковид 19, тоа е најдобриот подарок за роденден кој можев да го посакам, бидејќи тоа значи дека конечно можам да се радувам на дружењето со семејството и пријателите за Нова Година, откако поголем дел од годината бев сама“, изјавила Маргарет Кинан.

„Не можам доволно да и се заблагодарам на Меј и персоналот во болницата кои пожртвувано се грижеа за мене, а мојот совет до сите е да ја примат понудената вакцина, како што можев јас да ја примам на 90 години“, заклучила Маргарет.