Портпаролот на МВР Тони Ангеловски вели дека има подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на засилените контроли, кои ги спроведува МВР.
-Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 година, имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди.Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Дебар и Охрид, при што санкционирани се 115 возачи – 59 санкции во Охрид, а 66 во Дебар. И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто, изјави Ангеловски.