Ако живеете во исто домаќинство со некој што е позитивен на вирусот корона, шансата да се заразите е само 16,6 проценти, покажаа резултатите од новото истражување.
Кога заразено лице нема симптоми како што се кашлица, треска или отежнато дишење, стапката на пренесување драматично опаѓа на само 0,7 проценти. Ова ги објаснува случаите на оние кои делеле ист простор за живеење со членовите на семејството кои биле позитивни на корона, но не се разболеле.
Возрасните членови на домаќинството имаат поголема веројатност да се разболат отколку децата; 28,3 проценти од возрасните добиле инфекција од заразен член на домаќинство, додека тој процент кај децата бил помал и изнесувал 16,8 проценти.
Покрај тоа, приближно едно од три лица – 37,8 проценти – успеале да го пренесат вирусот на коронавирус на нивните сопружници.
Во студијата учествувале повеќе од 77 000 луѓе кои пријавиле секундарно пренесување на инфекција со коронавирус од домаќинството.
– Домаќинствата се поволна средина за пренесување на вирусот, бидејќи тоа се затворени простори каде што живеат повеќе луѓе, и кои се во близок контакт за време на разговорот. Исто така, членовите на домаќинството најверојатно не носат маски додека се во куќа или стан – забележуваат истражувачите.
Научниците од Универзитетот во Флорида кои го спроведоа ова истражување потсетуваат дека луѓето кои се сомневаат или имаат потврдено случаи на ковид 19 треба да се изолираат и да носат маски во куќата каде што живеат со неинфицирани членови на семејството.