Потврден во пет земји: Што е познато за новиот вид на коронавирус што го вознемири светот?

од Nikola Popovski
230 прегледи

Британските власти го потврдија постоењето на новиот вид на коронавирусот, откриен за време на студијата за геномот на вирусот кај пациенти од југо-источна Англија. За време на пандемијата ширум светот, беа забележани различни видови, но ова е првпат да се сугерира дека мутацијата ги променила својствата на вирусот. Досега, присуството на овој вид е потврден во пет земји.

Новиот вид на Ковид-19, според британската влада, се шири побрзо, па затоа во Лондон и југоистокот на Англија се воведени нови поригорозни мерки од четврти степен, кои ќе бидат во сила и за време на Божиќните празници.

Светската здравствена организација објави дека овој вид на вирусот е изолиран и во Данска, Холандија и Австралија. Италијанското Министерство за здравство објави дека тој е регистриран и во таа земја. Италија откри пациент заразен со новиот вид на коронавирусот, кој се вратил од Велика Британија. Пациентот и неговата партнерка се вратиле од Обединетото Кралство во последните денови со лет што слетал на аеродромот во Фимичино во Рим, и оттогаш тие биле во изолација, објави италијанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.

Европскиот совет денес организираше видео конференција со земјите-членки на ЕУ 27 за да разговараат за состојбата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид пријавен во Велика Британија.

Иако институциите на ЕУ во Брисел официјално ги започнаа своите празници во петокот, а повеќето претставници на ЕУ и дипломати отпатуваа дома, ситуацијата со ширењето на новиот вид на вирус во Велика Британија предизвика загриженост и итни консултации во рамките на ЕУ-27.

Како на почетокот на првиот бран на пандемијата, некои земји-членки реагираа независно на „новата лоша епидемиолошка вест“ и ги затворија своите гаранции за патниците од Велика Британија.

Што се знае досега?

Здравствените експерти во Велика Британија сè уште имаат малку информации, но истакнуваат дека се шири многу побрзо од другите варијанти на коронавирусот. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се шири до 70% побрзо, но научниците сè уште не ги потврдиле бројките.

Прелиминарната теорија од британските здравствени власти укажува на тоа дека новиот вид претрпел промени во протеинот пронајден во врвовите на вирусот, преку кои продираат во клетките.

Досега нема докази дека е посмртоносен од другите видови на коронавирусот.

Во моментов, само 1.000 случаи на новиот вирус на корона се регистрирани во Велика Британија – сите во југо-истокот на Англија, и сè уште не е познато дали тој се проширил на други делови од земјата.

Италија, Холандија, Франција, Германија, Бугарија, Ирска и Белгија ги откажаа сите летови од Велика Британија. Белгија, која исто така ја прекина директната железничка линија со Лондон, може да го забрани влезот на британските граѓани почнувајќи од 1 јануари. Чешка воведе построги мерки за карантин за луѓето кои пристигнуваат од Велика Британија. Австрија и Шведска исто така размислуваат за забрана за летови.

Лондон ја извести Светската здравствена организација за новиот вид на Ковид-19, која најави дека ќе ги информира членовите и јавноста за сè што ќе се научи за карактеристиките и импликациите на оваа варијанта на вирусот.

Група научници кои ја советуваат британската влада објавија дека овој вид на вирус се шири експоненцијално за време на периодот на националниот локдаун.

Новиот вид на корона е пронајден и во Данска, Холандија и Австралија

Новиот вид на коронавирус, кој се појави на југоистокот на Англија, е пронајден во Данска, Холандија и Австралија, објави денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове.

„Според информациите што Англија ги споделува со нас, новиот вид дојде од југоистокот на Англија или од Лондон“, рекла Марија ван Керхове.

Таа додала дека Велика Британија утврдила постоење на нов вид на вирус „уште во септември, кој сè уште циркулираше на југоистокот на Англија“.

„Загрижени сме за ширењето на вирусот и фактот дека има многу мутации. Свесни сме дека новиот вид не предизвикува потешки случаи според прелиминарните резултати, сепак, студиите се во тек и допрва ќе ги видиме резултатите“, рекла таа.

Марија ван Керхове рече дека понатамошното секвенционирање ќе биде корисно за да откриеме дали овој вид кружи на друго место во светот.

„Колку подолго се шири овој вид, толку е поголема можноста за промена. Ние навистина мора да сториме сè за да го спречиме тоа“, заклучила претставничката на СЗО.

Американските здравствени власти го следат новиот вид на вирусот што се појави во Велика Британија, изјави денес шефот на американската воена здравствена служба, Џером Адамс, додавајќи дека секоја мутација покажува дека луѓето мора да продолжат да се штитат себеси додека чекаат вакцинација.

„Вирусите постојано мутираат“, изјави Адамс за „CBS News“.

„Ако ова е мутација која е позаразна, тоа значи дека мора да бидеме уште повнимателни додека чекаме да се вакцинираме“, пренесува Ројтерс.