Дводневен посебен режим на сообраќај во Скопје, МВР со апел да се почитуваат наредбите

од Берта Китинска
293 прегледи

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп денеска и утре ќе престојува во посета на Северна Македонија во рамки на одбележувањето на 21 Декември, Денот на турската настава.

Шентоп денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа заедно ќе присуствуват и ќе имаат обраќања на официјалната прослава по повод 21 Декември – Денот на турската настава во Скопје. Претседателот на Големото национално собрание на Турција се очекува да се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Поради официјална посета на странска делегација на Република Македонија, денеска и утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје.

За таа цел, како што соопштија од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници

Слични содржини