Нема докази дека новиот вид на Ковид-19 е поопасен

од Nikola Popovski
181 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште нема докази дека новиот вид на Ковид-19 ќе доведе до зголемена смртност, посочила еден од директорите на таа организација, Силви Бријан, за француската телевизија БФМ, како што пренесе ТАС С.

„Вирусите се менуваат и она што се случи сега не е изненадување. Со цел да утврдиме дали мутацијата ќе има влијание врз здравјето на луѓето, ќе мора да направиме дополнителни истражувања во лабораторијата. Во овој момент, не гледаме промена на стапката на смртност“, изјавила Бријан.

Таа додала дека се потребни истражувања и за тоа дали новиот вид ќе влијае на ефективноста на вакцините против коронавирус.

„Досега се чини дека новиот тип на Ковид-19 ќе има тежок ефект врз ефективноста на вакцините. Верувам дека мерките преземени во Велика Британија ќе го запрат ширењето на новиот вид на вирусот до масовната вакцинација на граѓаните“, истакнала Бријан.

Слични содржини