Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Според последниот извештај, од почетокот на пандемијата во Скопје имало 34919 позитивни, од кои активни се 11553 случаи.
Во последните 24 часа во главниот град биле регистрирани 230 новозаразени, 349 оздравеле, а 9-мина се починати.