Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп го потпиша законот за помош на загрозените од пандемијата, вреден 900 милијарди и оној за финансирање на владата од 2,3 милијарди долари, што ја спречи владата да престане со својата работа.
Потпишувањето на Трамп на Законот за помош на загрозените од пандемијата објави пакет помош од 900 милијарди долари наменет за надоместоци за невработеност, но и за обезбедување на еднократна стимулација од 600 американски долари на вработените чии работни места страдаат од коронавирус.
„Го потпишувам овој закон за повторно започнување на надоместоците за невработеност, запирање на иселувањето, обезбедување помош на станарите, обезбедување дополнително финансирање на програми за заеми на претприемачи, им дозволувам на вработените во авиокомпаниите да се вратат на работа и да обезбедам дополнителни средства за дистрибуција на вакцини“, рече Трамп.
Се проценува дека околу 12 милиони луѓе ќе ја добијат потребната помош во двете клучни програми опфатени со законот. Така, оние на кои им е запрена исплатата на плата, ќе добијат надомест за следните 11 недели, а оние кои се невработени, ќе добијат по 300 долари до средината на март следната година.