„Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пленковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите“, сподели на Твитер премиерот Зоран Заев по катастрофалниот земјотрес во Хрватска, по кој веќе се јавува за жртви.
Упатувам силна поддршка за премиерот @AndrejPlenkovic и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. 🇲🇰🇭🇷 Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) December 29, 2020
Поддршка упати и претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и до семејствата на сите настрадани“, истакна тој.
Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и до семејствата на сите настрадани.🙏
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) December 29, 2020