Казнети 509 возачи за брзо возење, најмногу во Тетово

од Nikola Popovski
166 прегледи

МВР информира дека санкционирани 509 возачи, кои ја пречекориле дозволената брзина.

„На 01.01.2021 во периодот од 10.00 до 18.00 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 509 возачи, кои ја пречекориле дозволената брзина“, стои во билтенот на МВР.

Според нив, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 94 возачи за брзо возењ.

„СВР Скопје евидентираше 80 казни, 70 санкции за брзо возење се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 61 на СВР Охрид, а една помалку (60) на подрачјето на СВР Куманово. СВР Струмица регистрираше 59 казни, СВР Штип 48 санкции, СВР Велес 25, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 12 возачи“, велат од полицијата.

Слични содржини